16.8 C
Skopje
Wednesday, August 20, 2025

Премиерот Мицкоски изврши увид на градежни активности на изградба на спортска сала во општина Петровец

Извршивме увид на градешните активности на изградба на спортска сала во ООУ ,,Кочо Рацин”, Огњанци во општина Петровец, увид на три улици во населено место Ржаничино, како и увид на асфалтирање на локалниот пат Катлановска бања-Градманци.

Јас му честитам на градоначалникот бидејќи гледам дека со одлична динамика во општина Петровец се развиваат проектите, многу е важно да бидеме присутни, континуирано да вршиме мониторинг, увид во работите коишто се завршуваат, бидејќи наскоро од денес сите овие работи ќе имаат корисници.

Добро е кога се гради, кога се развива, јас само сакам да продолжиме во таа насока и ние како Влада, но и градоначалниците до крајот на овој мандат и понатаму сите оние градоначалници коишто ќе ја добијат довербата на локалните избори.

Силно верувам дека најголемиот дел од тие градоначалници ќе бидат од моменталната владина коалиција, ќе продолжиме да ги развиваме општините онаму каде што претходната владина коалиција и Влада не успеаа, бидејќи кај нив филозофијата беше подобро да крадат, отколку да градат. Но, кај нас филозофијата е спротивна-да градиме, наместо да правиме работи коишто не се добри.

поврзани објави

         

Последни објави