16.8 C
Skopje
Wednesday, August 20, 2025

РЕНОВИРАНА КЛИНИКАТА ЗА УРОЛОГИЈА, од владата 300.000 евра но, дале плус пари и вработените

Универзитетската клиника за урологија денеска ја промовираше новата, целосно реновирана болничка инфраструктура, како дел од широк инвестициски и реформски циклус, кој опфаќа модернизација и унапредување на здравствените услуги, условите за работа и достојни услови за пациентите.

На настанот присуствуваа директорот на клиниката, хирург – урологот и научен соработник д-р Башким Шабани, претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, министерот за здравство, д-р Азир Алиу и Сашо Клековски, директор на Фондот за здравствено осигурување.

Во изминатите месеци, Клиниката успешно реализираше низа проекти насочени кон подобрување на условите за работа, унапредување на медицинските услуги и подигнување на квалитетот на грижата за пациентите.

Целосно беше реновирано болничкото одделение со вкупна инвестиција од 300 илјади евра. Од оваа сума, 100 илјади евра се обезбедени од фондовската сметка, 100 илјади преку донации, а останатите 100 илјади евра од сопствени средства на Клиниката.

Просториите се целосно трансформирани во современи болнички соби, уредени како апартмани. Секоја соба е опремена со нови болнички кревети, ЛЦД телевизори, нови тоалети, клима-уреди и бактериолошки прочистувачи на воздух. Климатизацијата на целиот простор создаде значително похумани услови за пациентите, особено во текот на летните месеци кога температурите се високи, а болничкиот престој може да биде непријатен.

Особено значаен е и хуманиот гест на вработените од Клиниката, кои се откажаа од субвенциите за службени мобилни телефони, во вредност од 500.000 денари. Наместо тоа, Клиниката со овие средства купи две машини за перење алишта и 18 клима уреди за болничките соби. Овој чин, според раководството е суштинска посветеност за доброто на пациентите.

-За нас, овој проект не е само реновирање на болнички ѕидови – ова е реновирање на системот, на вредностите, на односот кон пациентите и професионалноста во здравството. Посветени сме да создадеме Клиника која нуди достоинствен престој, современо лекување и човечка грижа. Благодарен сум на целиот тим што застанавме зад овие промени, со заедничка посветеност. За помалку од една година, Клиниката за урологија стана пример, како со тимска работа и вистински вредности, може да се создаде модерен и ефикасен здравствен систем, достапен тука, дома, изјави директорот д-р Башким Шабани, кој заедно со стручниот тим, направија целосна трансформација на институцијата.

Медицинската експертиза на Клиниката значително е зајакната и со воведувањето на три нови хируршки техники.

-Во последната година, започнавме да имплантираме артифициелни уринарни сфинктери и да вградуваме пенилни протези – ригидни и семиригидни, а во финална фаза е и имплементацијата на третата, високо специјализирана метода – сакрална неуромодулација, истакна Шабани.

УЈП ВЛЕГУВА ВО ГРАДЕЖНИТЕ КОМПАНИИ – ќе се чешла продажба во кеш, колку е изградено, колку е пријавено дека е продадено
УЈП ВЛЕГУВА ВО ГРАДЕЖНИТЕ КОМПАНИИ – ќе се чешла продажба во кеш, колку е изградено, колку е пријавено дека е продадено
ЕДЕН ОД ОСОМНИЧЕНИТЕ ЗА УБИСТВОТО ВО ТЕТОВО Е ИЗВЕДЕН ПРЕД СУД – има 15 години
ЕДЕН ОД ОСОМНИЧЕНИТЕ ЗА УБИСТВОТО ВО ТЕТОВО Е ИЗВЕДЕН ПРЕД СУД – има 15 години
Со тоа, Клиниката стана сертифициран центар за овие интервенции, кои досега беа достапни само во странство. Денес, овие хируршки процедури, кои се практикуваат во најразвиените медицински центри во светот, успешно се изведуваат и во Скопје.

Откако го разгледаа реновираното болничко одделение и претседателот на Владата, Христијан Мицкоски и министерот за здравство, д-р Азир Алиу изјавија дека целосно реновираната Клиника за урологија исполнува достојни европски стандарди.

-Реновираната Клиника за урологија навистина изгледа импресивно. Со овој чекор сме поблиску до европското здравство и до квалитетот на услуги, кои треба да ги почувствуваат пациентите, изјави Мицкоски.

Покрај новите техники, Клиниката отвори и просторија за полуинтензивно лекување, опремена со монитори за следење на виталните параметри, во која ќе се третираат потешките пациенти.

Човечкиот ресурс останува во фокусот на развојните политики.

поврзани објави

         

Последни објави