21.8 C
Skopje
Wednesday, August 20, 2025

Орце: Луна Парк, подземни контејнери и градски воз – приоритети во првите месеци од мандатот

Орце: Луна Парк, подземни контејнери и градски воз – приоритети во првите месеци од мандатот

Кандидатот за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ, Орце, најави дека уште во првите 24 часа од преземањето на функцијата ќе започне со генералка на градот и решавање на најголемите проблеми со кои се соочуваат граѓаните.

„Во првите 24 часа работа, прво нешто што ќе направам е генералка на градот. Тоа што е направено, нема да навлегувам во процеси за рушење, сега гледаме четири години нема ништо. Тоа што е направено треба да се доведе во функционалност и да оди напред,“ изјави Орце.

Тој најави и довршување на проектот за Луна Парк, со забелешка дека е недозволиво Скопје и Македонија во 21 век да немаат ваков објект. Покрај тоа, централното подрачје на градот ќе биде покриено со полуподземни или подземни контејнери, за градот да изгледа поубаво и да се стави крај на хаосот со отпадот.

Во својата програма Орце истакнува и решавање на сообраќајниот метеж преку изградба на нови булевари и мостови, како и отпочнување на проектот за градски воз. „Добар начин да го растеретиме сообраќајот е градскиот воз. Тоа го работиме темелно со претседателот на Владата и министерот за транспорт и врски,“ нагласи тој.

Кандидатот најави и еко-автобуси, како и целосно обновување на возниот парк на ЈСП и комунална хигиена, за како што вели, „да не се доведе цел народ во колапс поради немање на систем на функционирање“.

„Она што ќе го ветам ќе го остварам,“ порача Орце, додавајќи дека фокусот ќе биде на решенија кои ќе го направат градот функционален, модерен и чист.

поврзани објави

         

Последни објави