Разбрав дека денес премиерот бил на гробиштата во Кочани и запалил свеќа на гробовите на нашите ангели. Само тивок и достоинствен чин.
За нас родителите, секој кој ќе застане со почит пред болката што ја носиме е пред се човек. Денес така го доживеав и премиерот, како човек.
Ве молам, не ја злоупотребувајте оваа болка за политика и дневни поени. Болката е наша, а гестот беше човечки. Тоа е доволно, напиша Тошо Антов


