Почитувани сограѓани,
на нашето Делчево му претстои убав период. Следуваат локалните избори а со нив ќе може да видиме лепеза на ветувања и понуда на проекти.
Високиот граѓански капацитет на граѓаните на општина Делчево ми укажува дека ќе го избереме најдоброто за нашата општина за наредните 4 години.
Синоќа наполноќ заврши рокот за поднесување на кандидатури за кандидати за градоначалници и советнички листи.
Сакам од се срце да посакам креативна, позитивна и фер кампања на сите кандидати, да биде слушнат сечиј глас и секое мислење.
Честитки на сите кандидати што се одважија да се кандидираат на овие избори, но сепак во оваа трка победува најдобриот. Тоа не значи дека останатите кандидати треба да се чувствуваат поразени.
За секој еден има место во идниот развој на Делчево.
Затоа што нашата општина го заслужува најдоброто.
Нека победи најдобриот.
#ГоСакамДелчево