Младите луѓе се идни носители на промени во јавниот сектор и нивната улога е клучна за градење поефикасни, потранспарентни и модерни институции, напиша на Фејсбук министерката за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска.
Во посета на Министерството за финансии денеска беа младите професионалци од јавниот сектор од земјите на Западен Балкан, во рамки на студиската посета организирана преку WeLead и ЦЕФ – Центарот за извонредност во финансиите. Улогата на младите вработени во јавниот сектор во државите од Западен Балкан е од суштинско значење за иднината на сите земји во регионот, истакна Димитириеска Кочоска.