3.8 C
Skopje
недела, ноември 16, 2025

Александар ќе биде НАЈДОБАР за Кичево, најдобар и за македонците и за албанците, и за ВМРО-ДПМНЕ, но и за СДСМ

Кичево срцето на западниот дел на нашата убава земја!

Од градот на горди, чесни и работливи луѓе, кои секогаш знаеле да ја препознаат вистинската вредност, вистинскиот избор, вистинската борба.

И луѓето овде го живеат истиот живот каков што се живее насекаде низ државата, полн со предизвици, искушенија. Со неизвесност и борба за опстанок. Многу добри луѓе се иселија, многу надежи згаснаа низ годините. И овие болки и маки се подеднакви за сите кои ја делиме истата судбина и тие не познаваат националност, ниту вера. И ова се работите кои мора да ги промениме и за кои се бориме. Може да се разликуваме во многу нешта, но заеднички ни е тоа што мораме да се избориме за подобар живот за нас и нашите идни поколенија.
И кога одлучувавме кој да ја добие поддршката за кандидат за градоначалник на Кичево, морам да признаам дека не размислував кој ќе биде најдобар за ВМРО-ДПМНЕ туку гледав кој ќе биде најдобар за Кичевчани.

Кој може да се бори за сите вас, и за ВМРО-ДПМНЕ, но и за СДСМ, и за македонците, и за албанците. И од него вечерва слушнавте какви проекти ќе гради и ќе реализира од неговата програма, но јас сега ќе ви говорам за најважниот проект и за Александар но и за Кичево, тоа е заедништвото и обединувањето за развој на Кичево.

Еден ланец е силен толку колку што е најслабата алка издржлива, една гранка е кршлива, но сноб од дрвца и гранки е непобедлив. Така сите ние мора да се обединиме околу заедништвото и да ги премостиме сите наши разлики, сите наши несогласувања и различни погледи.
Направете го #ВистинскиотИзбор за Кичево, да дадете масовна поддршка за кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Јовановски!

поврзани објави

Последни објави