2.8 C
Skopje
недела, ноември 16, 2025

Лагите им се последно оружје – нашите дела се најсилниот одговор!“ – Иван Јорданов

Почитувани сограѓани,
Повеќе сум згрозен, отколку што сум изненаден од кампањата која ја пласираат моите политички противници!

На средина од кампањата за Локалните избори 2025, наместо да сум во “ринг” со опоненти за промоција на идни проекти и визија за напредок на Штип, безидејната опозиција, во недостаток на проекти има само една цел – со пласирање на лаги, невистини, клевети и измислици да го свртат вниманието и да го ублажат убедливиот пораз.

Штип веќе 4 години е во позитивна кампања, која е насочена кон незапирлив развој и интензивна градба.

Од друга страна, опозицијата за време на кампањата од 20 дена наместо да промовира проекти, се служат со измислици и невистини, со цел да ја скријат црната дамка од нивното минато, а и затоа што немаат што друго да понудат.

Затоа, не потпаѓајте под манипулативната девиза дека “сите се исти”!
Не, не сме исти, а секој од вас го знае тоа!

Јас верувам во вас, моите сограѓани, верувам во вашата мудрост и знам дека ја препознавате вистината и искреноста во нашата работа и на денот на изборите ќе го искористите вашето загарантирано право да донесете правилна одлука за вас и за нашиот Штип!

поврзани објави

Последни објави