Митко Јанчев во најновото издание на подкастот зборуваше отворено за политичката сцена во Македонија, за минатото, за довербата во политичарите и за својата поддршка кон претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
„Господинот Мицкоски треба да биде реизбран за лидер на ВМРО-ДПМНЕ. Треба да си ги заврши сите работи кои ги отпочна, мислам дека има храброст, сила и моќ за тоа“, порача Јанчев, потенцирајќи дека Македонија конечно се движи во вистинска насока.
Осврнувајќи се на времето кога премиер беше Зоран Заев, Јанчев призна дека и самиот во еден момент поверувал дека државата е пред историски исчекор со Европската унија, но подоцна сфатил дека сето тоа било дел од голема политичка лага.
„Од денешна перспектива можам да кажам дека сум погрешил. Очекувањата и убедувањата на Заев со сликите од авион, дека е завршена работата за преговорите со ЕУ – беа лага. Сега сме на вистинскиот пат со господинот Мицкоски“, истакна тој.
Јанчев зборуваше и за тешките моменти кои ги доживеал додека СДСМ била на власт, откривајќи дека бил изложен на притисоци и заплашувања.
„Имав ситуации кога преку усна наредба полицијата ми впери пиштол. Тоа беше времето кога се владееше со страв и притисок“, рече Јанчев.
Тој додаде дека денес Македонија има потреба од луѓе со храброст и визија, а токму таков, според него, е Христијан Мицкоски – човек кој не се плаши од предизвици и знае како да ја води државата напред.