19.8 C
Skopje
петок, октомври 10, 2025

„Населба Баби ја започна промената, а на 19 Октомври Штип ја пишува својата историја – победата е наша!“ – Јорданов

Пред точно четири години од населбата Баби се чувствуваше желбата за работа, нов пристап и реформи. И после промените, после четири години вечерва исто така во населба Баби се чувствува најголемата историска победа која ќе се случи на 19 Октомври. Токму населба Баби испраќа најсилна порака а тоа е дека ќе имаме поубав, помодерн град Штип. Навистина во овие четири години имавме предизвици, падови, победи, непреспиени ноќи, искушенија, сето она што го носи една работа, но најсилна поддршка секогаш беа граѓаните на Штип, кои стоеа позади нас, кои ги демантираа сите лаги и манпулации, затоа сум благодарен на Вас, бидејќи Вие сте енергијата за да ги направиме промените, но и енергијата која ќе не носи во наредните четири години.

Со проектите кои што имавте можност да ги погледнете, со изградбата на овој прекрасен парк, воведувањето на јавниот градски превоз, со изградбата на Булеварот „Партизанска“ и поврзувањето на населбата „Баби“ со останатиот дел од градот, со изградбата на мега-паркот „Иднина“ покажавме еден поинаков пристап. Ова не е најдоброто. Најдоброто допрва доаѓа, тоа ќе го покажеме. Сите ние сме луѓе од крв и месо, кои работејќи и грешиме, но разликата е тоа што ние работиме. Посветени сме за иднината на нашиот Штип и нашите деца. Верувам дека во следните четири години ќе покажеме дека можеме подобро, затоа што проектот кој моментално го работиме, а верувам дека ќе ја подобри комункацијата на жителите од населба „Баби“ дополнително ќе придонесе за овој дел од градот, тоа е изградбата на нов сообраќаен мост, поврзувајќи ја населба „Баби“ со „Балканска“ и „Македонка“, со што ќе овозможи полесен пристап и комуникација на луѓе и возила.

Сакам да се обратам и на нашите сограѓани кои имаат различна перцепција. Најпрвин сакам да се обратам до сите жители и граѓани на општина Штип кој во разговор велат: На овие избори, секако ќе победи ВМРО, можеби тој викенд нема да бидам во Штип. Пораката е следна: Секој еден глас е битен, од Вас зависи иднината на нашиот град, колку е поголема победата, толку ќе биде поголема обврската која ја имаме пред Вас и спрема нашите сограѓани. Затоа масовно да излеземе и да дадеме поддршка за развојот на Штип заокружувајќи го бројот 9 за советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ и за градоначалникот на општина Штип.

поврзани објави

         

Последни објави