-0.2 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Компанијата „Макпрогрес“ ја стартуваше новата производна линија вредна 2 милиони евра

Компанијата „Макпрогрес“ од Виница која е најоглем извозник на прехранбени производи од македонските брендови „Винчини, „Натура“, „Сончева долина“, „Армонија“ кој се нудат во 55 држави  ја пушти во употреба својата нова производна линија вредна 2 милиони евра.

Минатата година беше најуспешната од постоењето на компанијата. Остваривме производство од 14.500 тони на најразлични производи и раст од 6% на извозот, во однос на 2015 година. Трендот на раст на извозот продолжи и во првиот квартал од годинава, кога бележиме зголемување од 9,5%. Пресудно за освојување на нови пазари се квалитетот и цената на производот, но и инвестициите во универзален дизајн, на што ние во „Винчини“ многу посветуваме внимание. Конкурентен производ, со соодветен квалитет и цена, но и стандардизиран, е основниот клуч за успех, посебно за излез на нови пазари. Многу е значајно и учеството на саемите каде што ги промовираме нашите над 300 разни производи, а резултатот од тоа е отворањето на нови пазари, меѓу кои се Кина, Либан, Малдиви и други. Се очекува проширување на извозот и во Португалија, Шпанија, Шведска, Данска, Норвешка…“,изјави извршниот директор на „Макпрогрес“ Глигор Цветанов.

„Макпрогрес“ е основана во 1990 година. Во изминатите три години компанијата инвестирала околу 8 милиони евра, а од неодамна и во нова, осма производствена линија за наполитанки и вафли, вредна два милиона евра.

Компанијата и во иднина, истакна Цветанов, ќе се фокусира на барањата на потрошувачите, развивањето иновативни производи, истражување и развој.

 

поврзани објави

Последни објави