-0.2 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

СДСМ: Ќе има нова влада, ВМРО-ДПМНЕ да овозможи мирен трансфер на власта

СДСМ и денес излезе со соопштение, каде порачува веќе опозициската ВМРО-ДПМНЕ да дозволи мирен трансфер на власта, со што ќе се формира нова влада и ќе започне ново функционирање на државата.

Во продолжение целото соопштение на СДСМ:

ВМРО-ДПМНЕ мора да најде здрав разум и да прифати дека е опозиција. Криминалното раководство на ВМРО-ДПМНЕ не може да ги држи во заложништво граѓаните и Република Македонија. Во ВМРО-ДПМНЕ има луѓе кои знаат дека криминалците во нивната партија ја загрозуваат иднината и на нивните деца и тие имаат обврска да постапат разумно.

Мора да има трансфер на власта, тоа е мнозинската волја и ВМРО-ДПМНЕ И Горге иванов се должни да овозможат мирен трансфер на власта!

Волјата на мнозинството граѓани е јасна и исто така 700.000 граѓани, преку 67 пратенички мандати имаат право и обврска да го изберат новиот претседател на Собранието, а потоа и новата реформска Влада.

И тоа ќе се случи согласно Уставот, Деловникот и законите.

Никола Груевски и раководството на ВМРО-ДПМНЕ не смее да поттикнува насилство врз мнозинството од граѓаните и парламентарното мнозинство, поради заштита од одговорност за своите криминали.

Не смее да прават поделби и да шират омраза помеѓу граѓаните за заштита на криминалните и нафтени платформи.

Покрај јасно изразената волја на мнозинството од граѓаните за промени, и целата демократска меѓународна заедница повика на почитување на демократските принципи, на здрав разум и на мирен трансфер на власта.

Неколкумина криминалци нема да ја одредуваат иднината на нашите деца.

поврзани објави

Последни објави