Соња Стаменкова и нејзината банда од СДС се истите што со аплауз ги поздравуваа потезите на Заев и Филипче додека ни го распродаваа името, чесноста и достоинството. И денеска тие имаат образ нас да нѐ нарекуваат безрбетници?!
Соња ли ќе објаснува како треба, кога таа во Македонска Каменица не донесе ниту еден вистински проект, што беше целосно изгубена на позицијата градоначалник и што си ја искористи позицијата да си ја вработи својата ќерка.
Единствено нешто со кое може да се пофали дека направила за градот е градски тоалет што никој не го користи и не функционира.
Додека Соња ја пуштија низ вода повторно да изгуби на изборите и и дадоа можност да си замислува дека е „функционер“, нејзиниот шеф се луксузира по Дубаи.
Нека си се погледнат во огледало.
Сѐ што вреди, сѐ што е направено убаво и корисно во Каменица, е од времето кога ВМРО-ДПМНЕ ја водело општината – со проекти, визија и работа за народот. Соња и СДС ништо. Нула.
Само ароганција, аплаузи за предавства и лични привилегии.
Денес, исплашени од сигурниот и катастрофален пораз, СДС бега кон лаги, навреди и очајнички обиди за спас. Но залудно им е.
Народот веќе одлучи.
ВМРО-ДПМНЕ прегази секаде во неделата и јасно им покажа каде им е местото, а во вториот круг ќе им ја запечати политичката кариера – засекогаш.
Македонска Каменица ќе избере чест, работа и иднина и ќе го потврди изборот на Димче Атанасовски за градоначалник.
Ќе избере проекти и развој со помош на Владата предводена од премиерот Христијан Мицкоски.








