Нашите родители, нашите баби и дедовци се оние кои не израснаа, кои не доведоа во состојба да функционираме самостојно и да бидеме чинители во општеството. Тие се нашиот темел. За жал, нивниот пензионерски дом и околината околу пензионерскиот дом е во една катастрофална состојба, вели Александар Јовановски, кандидат за градоначалник на општина Кичево на ВМРО-ДПМНЕ.
-Како градоначалник, веднаш ќе пристапам кон решавање на овој горлив проблем и итно ќе пристапам кон преземање на мерки за да се подобрат условите за живеење во моменталниов пензионерски дом.

