Постојаната комуникација со експертските тимови кои веќе работат на реализација на повеќе проекти во Делчево е неопходна со цел за поефикасна имплементација пред се во интерес на граѓаните.
Секој реализиран проект треба да биде според потребите и барањата на жителите кои секојдневно ги користат придобивките од овие проекти.

Во сегашната фаза на реализација на проектот за изградба на регулација на река Габровчица присутни се повеќе забелешки од страна на граѓаните кои живеат на овој дел од населбата Милково брдо, кои што согласно сите позитивни законски норми се обидуваме да ги надминеме за што поуспешна реализација на овој проект финансиран со пари на сите граѓани од Буџетот на Владата.
Од комуникацијата со граѓаните и повеќе инволвирани страни, се наложи потреба да присуствувам на лице место во населбата Милково Брдо каде што се реализира овој значаен проект за голем број граѓани.
Реализацијата на проектот за изградба на регулација на дел од коритото на река Габровчица во Делчево е значаен од повеќе аспекти. Токму оваа важност на проектот ја препозна и Македонската влада со чии што финансиски средства во целост се гради овој инфраструктурен проект.
Со ова исполнуваме едно од ветувањата во Предизборната програма на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата Твоја Македонија на која огромна доверба дадоа граѓаните на Делчево на овие локални избори.
Моја определба е ефикасна имплементација на сите зацртани проекти во интерес на сите граѓани на општина Делчево.
#ПроектиЗаГраѓаните #Безбедност #Заштита #МилковоБрдо #РекаГабровчица #Регулација #Инфраструктура

