8.8 C
Skopje
среда, ноември 19, 2025

Започна офанзивата за чистo Делчево: „Нула толеранција за отпад“ под булевар „Македонија“

Со расчистување отпадоци и диворастечки растенија на потегот под бул „Македонија“ кај станбените згради во Делчево, започна реализацијата на Кампањата „Се бориме за почист дом: Делчево со нула толеранција за отпад“.

Екипи на ЈКП „Брегалница“ со помош на механизација го расчистуваа теренот кој беше доста запуштен и даваше грда слика на транзитниот булевар и во делот од градот каде се сместени голем број јавни институции, а има и голема фреквенција на возила и граѓани.

Градоначалникот Гоцевски кој е иницијатор на Кампањата, направи увид во текот на почетните работи. Истакнувајќи го значењето на акцијата, посочи дека како градоначалник, лично ќе ја надгледува реализацијата на кампањата.

-Оваа кампања ја спроведуваме врз основа на итната и неодложна потреба да се исчистат депониите коишто веќе подолг период наназад гледаме дека се присутни низ цела Општина Длечево, а за кои граѓаните на Делчево и, речиси, сите населени места со право реагираат, нагласи Гоцевски.

Акцијата за расчистување од диворастечки растенија и отпад ќе продолжи на јавните површини по должината на целиот булевар, тротоарите до Агенцијата за вработување, но и до бензиската пумпа на излезот кон Берово. Воедно, се апелира до граѓаните кои се сопственици на имот покрај тротоарите на транзитниот булевар да ги отстранат диворастечките растенија и сувите дрва, бидејќи тие не само што го отежнуваат движењето по тротоарите, претставуваат и опасност за пешаците.

поврзани објави

Последни објави