8.8 C
Skopje
петок, декември 5, 2025
spot_img

Градоначалникот на Делчево откри и осуди: Клучно возило за чистење на депонијата запуштено и оставено да пропаѓа цели пет години без одржување!

Градоначалникот на Делчево Иван Гоцевски откри долгогодишно запоставување на едно од клучните возила за чистење на градската депонија, кое цели пет години било оставено да се распаѓа без никакво одржување или сервисирање. Ова возило, кое требаше да биде основна алатка за одржување на хигиената во градот, било намерно занемарувано, доведено до состојба на вистински распад и непогодност за работа.

Градоначалникот без компромис најавува дека од денес започнува темелно сервисирање и целосно враќање во функција на возилото, со јасна порака дека никогаш повеќе нема да се дозволи ваква неодговорност и игнорантство кон имотот на Делчево и неговите граѓани. Ова е предупредување дека секој што си игра со јавните средства ќе сноси последици, а градот ќе се води со строга дисциплина и максимална грижа за јавниот интерес.

поврзани објави

Последни објави