17.8 C
Skopje
сабота, април 18, 2026

Силна поддршка за доброволните пожарникари: Општина Кочани најавува унапредена соработка и нови проекти со ДПД – Кочани

Како претседател на Советот на Општина Кочани заедно со Градоначалникот на Општина Кочани Д-р Владко Грозданов се одржавме средба со ДПД-Кочани.На состанокот се разговараше за унапредување на идната соработка, како и за претстојните активности и проекти на ДПД – Кочани.

Посебен акцент беше ставен на прашањето за начинот на финансирање на друштвото, кое претставува значајна поддршка во функционирањето на системот за противпожарна заштита во општината.

Градоначалникот Грозданов ја истакна подготвеноста на Општина Кочани за продолжување на соработката и за натамошна поддршка на доброволните пожарникари, со цел подобрување на нивните ресурси и ефикасност во справување со пожари и други интервенции.

поврзани објави

Последни објави