Популарниот јутјубер Ритко, кој последниов период постојано е под рефлекторите поради заедничките live-емисии со Бојан Јовановски – Боки 13, денеска се јави со непријатна и загрижувачка вест за својата публика.
Ритко, познат по својата јакa интернет-присутност и голем број следбеници, заедно со Боки 13 повторно ја раздвижи домашната онлајн-сцена преку нивните заеднички настапи во живо кои привлекоа огромно внимание и рекордна гледаност.
Но денес, преку видео-обраќање, Ритко откри дека неговиот YouTube канал повторно е санкциониран.
„Добивме втор страјк на YouTube и сите мои видеа и live-емисии што беа на каналот се заклучени и така ќе остане три месеци,“ соопшти тој, видно разочаран.
Фановите моментално со загриженост ја следат ситуацијата, очекувајќи разврска и надеж дека популарниот креатор ќе се врати со нова содржина по истекот на санкцијата.

