Шансите за враќање на СДСМ преку таканаречените „бомби“ се рамни на нула. Партијата веќе ја доби својата историска шанса да изгради праведно општество, да донесе живот за сите – како што самите ветуваа – да обезбеди правда, стабилност и подобар животен стандард. Но наместо тоа, ги разочара сопствените граѓани и ја пропушти секоја можност за вистински напредок.
Куршумите што денес СДСМ мисли дека ќе им го кренат рејтингот се всушност уште една катастрофална грешка во низа. Наместо политички капитал, тие носат дополнителен пад и ја продлабочуваат недовербата кон нивните политики и намери.
Народот веќе не верува во приказни, во лажни надежи и во празни флоскули. Граѓаните бараат резултати, одговорност и искрена визија – а СДСМ, очигледно, повеќе нема што да понуди на тој план.










