17.8 C
Skopje
сабота, април 18, 2026

СДСМ само се глупира со лагите за мигранти од Велика Британија

Да ми кажеше некој дека Венко Филипче и пропагандата на СДСМ ќе се закачат на темата „мигранти“ и дека ќе се обидат да ја воздигнат на ниво на судбинско прашање за Македонија, да бидам искрен – немаше да му поверувам, пишува Бранко Героски за ПЛУСИНФО.

Ќе си речев, сепак не може да се толку блесави!

Додуша, познато е дека СДСМ го има изгубено својот политички и идеолошки компас и дека од поодамна не произведува политики, туку памфлети и шашми. Тоа го гледаме и во анализите на водечките „идеолози“, кои се номинирани како „независни интелектуалци“, но се клиентилистички и персонално поврзани со идеолошкиот центар на СДСМ.

Тие луѓе до вчера, на пример, предвидуваа спектакуларна победа на Зеленски во војната со Русија, предвидуваа брз пад на Путин, по доаѓањето на Трамп најавија повлекување на САД од Балканот и генерално „крај на светот“, сега се силат дека Европската унија ќе ја презела клучната ролја во битката против Русија, а Германија ќе се вооружела до заби за да стане европски лидер во битката против Русија, Америка и Енглеска, биќе земља пролетерска…

Какви будалаштини не се изнаслушавме од овие луѓе, човече!

Бидејќи тие и досега ги забавуваа и јавноста и врхушката на СДСМ со своите бесмислени анализи и неостварени предвидувања и бидејќи само клиничкиот случај Тричковски собра троа доблест да признае дека светот дефинитивно тргнал во насока спротивна од неговите очекувања и желби, ми се чини основана претпоставката дека само таа мала група можела да му смисли на Венко Филипче нова лузерска тема за герилска политичка акција, за да создаде макар привид дека на Бихаќка не е сè така мртво и тегобно како што изгледа.

И така, „опасноста што нè очекува со мигрантите“ поради наводниот аранжман меѓу владите во Скопје и Лондон за „прифаќање мигранти во Македонија“, во замена за британски фунти, стана тема дудинка закачена на остра јадица, што безидејниот Филипче, советуван од неговата „граџанска интелектуала“ во фаза на преживување, ја проголтал како клен.

Дебата во стилот „како мали Ѓокица замишља“
Дебатата во „британските медиуми“, на која се палат нашиве лузери, е дебата во стилот „како мали Ѓокица замишља“. Нема ниту еден реален аргумент во прилог на тезата дека Македонија има потреба и можности да интегрира мигранти на својот пазар на трудот, на тие несреќни луѓе да им нуди мигранти пасоши и некаква слобода на движење во земјата, плус да гласале за ВМРО-ДПМНЕ (ова последново Филипче сигурно самиот го смислил).

Нема основа да се помисли дека македонската влада – дури и да сака, а не сака! – би можела, врз основа на такви претпоставки, со било која влада, да склучи договор за преземање мигранти во замена за пари!

Целиот текст прочитајте го на ПЛУСИНФО

поврзани објави

Последни објави