7.8 C
Skopje
Wednesday, December 11, 2024

Венецуела се плаши од напад од САД

Венецуелскиот претседател Николас Мадуро откри дека се плаши од напад на САД против неговата земја.

“Венецуелците се чувствуваат загрозени од агресијата и заканите на екстремистичките кругови во САД. Радикалните кругови во Пентагон, Јужната команда на САД и Стејт департментот подготвуваат планови за интервенција против Венецуела”, посочи тој.

Претседателот неколкупати обвинуваше други земји и граѓани на Венецуела дека водат економска војна против земјата. Во саботата илјади демонстранти протестираа против управувањето на Мадуро во главниот град Каракас. Тие сакаа гаранции за почитувањето на човековите права, нови избори и се изјаснија против она што тие го нарекуваа диктатура.

поврзани објави

Последни објави