20.8 C
Skopje
петок, април 17, 2026

Следува ново ЗГОЛЕМУВАЊЕ на пензиите!

Во сила останува линеарното зголемување на пензиите откако отпадна сомнежот за неуставност на оспорениот закон и Уставниот суд на денешшната седница ја запре постапката.

Тоа значи дека сите пензионери во април ќе ја добијат мартовската пензија зголемена за 1.000 денари.

На 19.11.2025 година Уставниот суд поведе постапка за оценување на уставноста на член 2 oд Законот за изменување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.154/2025).

Предлогот за одлучување беше на дневен ред за 28, седница на Судот, одржана на 24 декември 2025 година. Предлогот на судијата известител не го добил потребното мнозинство гласови.

поврзани објави

Последни објави