Членот на Куќата на славните на НБА лигата, Оскар Робертсон се огласи по повод рекордот на Расел Вестбрук кој оствари 42 трипл-дабл остварувања и го симна од врвот на вечната листа.
„Не можам да бидам среќен поради тоа. Честитки до Расел на неверојатната сезона“, рече Робертсон.
Легендата на НБА лигата и рекордер по бројот на вкупно остварени трипл-дабл учиноци зборуваше и за можноста Вестбрук да го достигне неговото постигнување од 181 натпревари со трипл-дабл во кариерата.
„Вестбрук исто така го достигна и Вил Чембрлејн по бројот на трипл-дабл учиноци во кариерата и сега има 79. Доколку остане здрав, нема причина да не би можел да го урне и мојот рекорд од 181 трипл-дабл остварувања во кариерата. Меџик Џонсон е втор со 138, додека трет е Џејсон Кид со 107“, нагласи Оскар.
Оскар Робертсон настапуваше од 1960. до 1970. година за Синсинати Ројалс, денешен Сакраменто Кингс, додека од 1970. па до 1974. го носеше дресот на Милвоки Бакс со кој стана и шампион во 1971. година.