Николоски и Иванов на увид во браната на Отиња – Штип добива вештачко езеро веќе следната година
Изградбата на браната на реката Отиња се одвива според предвидената динамика, а веќе од следната година реално се очекува таа да биде ставена во функција. Ова беше констатирано при денешниот увид што го извршија вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски и пратеникот Душко Иванов.
Со реализацијата на овој капитален проект, Штип и целиот источен регион ќе го добијат првото вештачко езеро, кое ќе отвори нови перспективи за развој на туризмот, домувањето, како и за спорт и рекреација.
Надлежните посочуваат дека проектот претставува значаен чекор кон модернизација на регионот, со јасна визија за создавање на поразвиена и поатрактивна средина за живот. Работите продолжуваат со засилено темпо, со цел навремена и квалитетна реализација на браната на Отиња.

