Чекањето не е нешто што го сакаме, но е нешто нужно, суштинско – нешто што човек кој си ја сака татковината и својот народ мора да го прифати и да го каже гласно.
Чекањето за ГАРАНЦИЈА, наместо прифаќање на услови наметнати од друга страна во замена за европска иднина без сигурност – иднина што повторно може да биде блокирана поради нови нечији услови – значи почит кон самиот себе. Тоа значи достоинство. Тоа значи љубов кон себе и кон својот народ.
Во СДСМ ова очигледно не го разбираат. Тие можат слободно да се колнат во жицата македонска дека ништо нема да сменат, па потоа да сменат сè во име на ЕУ, манипулирајќи го народот со приказната дека „само што не сме ја завршиле работата“.
Мицкоски води политика државнички – на начин на кој не бевме навикнати изминатите десет години. За разлика од тоа, во СДСМ се навикнати на пазарење и на власт по секоја цена. Сега кога тоа не им оди, реакциите им се токму вакви.
А на Венко, бидејќи веќе не го спомнува „Северна“, би му препорачал да го исклучи Заев од партијата – особено кога гледаме дека одеднаш стануваат големи „вљубеници“ во името Македонија.
Автор: Кико Трајанов

