11.8 C
Skopje
петок, април 17, 2026

Неофицијално: Кај Градско пресечен нов меѓународен канал за дрога, запленети околу 50 кг марихуана

Неофицијално: Кај Градско пресечен нов меѓународен канал за дрога, запленети околу 50 кг марихуана

Според неофицијални информации од безбедносни извори, полицијата доцна синоќа реализирала координирана акција насочена кон сузбивање на меѓународна трговија со наркотична дрога.

Акцијата, како што се дознава, била спроведена од МВР – Бирото за јавна безбедност преку Одделот за организиран криминал, со поддршка на “Тигрите” при што бил пресечен транспорт на околу 50 килограми марихуана. Дрогата, според првичните сознанија, била наменета за нелегалниот пазар во Грција.

Извори блиски до истрагата посочуваат дека акцијата е дел од поширока стратегија за разбивање на меѓународни нарко-мрежи кои ја користат државата како транзитна рута.

Ова следува по серијата значајни заплени од почетокот на годината 10 килограми кокаин запленети во рана фаза од годината, над 100 килограми марихуана откриени во февруари во рамки на меѓународен канал кај Свети Николе, како и претходната заплена на над 40 тони канабис наводно произведен за медицински цели.

Се очекува во текот на денот или во наредниот период институциите да излезат со официјални информации и детали за инволвираните лица и евентуалната поврзаност со пошироки криминални структури.

поврзани објави

Последни објави