14.8 C
Skopje
петок, април 17, 2026

Ковачки за Велигден помеѓу нашите војници во Латвија

За Велигден, помеѓу нашите војници во Латвија, на источното крило на НАТО.

Нашите војници празниците ги поминуваат далеку од своите домови и семејства, посветени на должноста и мисијата за мир и безбедност во Европа. Нивната служба е доказ дека Македонија е одговорен и кредибилен сојузник, кој активно придонесува кон заедничката безбедност во рамките на НАТО, особено во време на изразени геополитички турбуленции.

Стоејќи меѓу нив, ја почувствував гордоста со која го носат македонското знаме, рамноправни со сојузничките војници, подеднакво посветени и одговорни за заедничката безбедност.

Им ја пренесов благодарноста од сите граѓани и јасната порака: тие се наши амбасадори на мирот и безбедноста, а државата е секогаш со нив.

Тие се наша гордост и силен столб на сигурна и стабилна иднина.

Христос Воскресе! Навистина Воскресе!
Честит Велигден, Македонијо!

поврзани објави

Последни објави