Панел-дискусијата на тема: Women in STEM – Bridging Innovation Between the Western Balkans and the European Union организирана од Унија на жени на ВМРО – ДПМНЕ , EPP Women и Konrad-Adenauer-Stiftung Skopje како дел од меѓународниот настан посветен на женското лидерство и европската иднина на Западен Балкан 🇲🇰🇪🇺
👩🏻🏫 Како докторант и истражувач во област која е во блиска релација со иновациите и новите технологии, за мене беше од особена важност заедно со моите соговорнички да дискутираме за визиите и заложбите поврзани со она што секојдневно го правиме и во политиката и во науката. Зборувавме и за тоа колку големо влијание врз општествените и политичките процеси имаат потенцијалот и работата на жените кои се занимаваат со наука и колку голем напредок и развој и носат на државата, регионот и Европа.
Благодарам на Жаклина Пешевска и нејзиниот тим за организацијата на целиот настан кој отвори нови перспективи и го покажа вистинскиот потенцијал и подготвеност да се организира ваков настан на едно навистина високо ниво.



