Гоцевски со силна европска порака од Благоевград: Делчево и Благоевград се пример за европско пријателство
Вечерва, на покана на градоначалникот на Општина Благоевград, г-н Методи Бајкушев, имав чест да се обратам на свеченото затворање на шестдневниот Crossing Jumaya Festival, кој се одржа во срцето на нашиот збратимен град Благоевград.
Заедно со многубројните посетители уживавме во прекрасните изведби на нашите македонски музички амбасадори Каролина Гочева, Пијан Славеј и Дуке Бојаџиев, кои уште еднаш ја потврдија силата на музиката да ги поврзува луѓето и градовите.
Многу убави мелодии пред илјадната публика од сите краеви на Република Македонија и Република Бугарија.
Општина Делчево и Општина Благоевград се традиционални партнери и пријатели, а ваквите настани се уште една потврда за успешната соработка, меѓусебната почит и заедничката визија за развој на културата и добрососедските односи. Заедно досега реализиравме повеќе проекти преку ИПА фондовите, а ќе продолжиме да го правиме и во иднина.
Благодарност за поканата и гостопримството.
Си ветивме да се видиме наскоро и во Делчево.


