23.6 C
Skopje
понеделник, јули 27, 2026

CH Alpha со голем исчекор – официјално партнер на најтрофејниот клуб на Балканот

Компанијата CH Alpha, дел од Хелиос Медикал групацијата, официјално воспостави партнерство со Фудбалскиот клуб Црвена Звезда, актуелниот шампион на Србија и поранешен европски и светски шампион.
Соработката беше официјализирана на прес-конференција одржана на стадионот „Рајко Митиќ“ во Белград, каде присуствуваа генералниот директор на Хелиос Медикал групацијата, Александар Генчов, регионалниот менаџер Димче Павлески и претседателот на ФК Црвена Звезда, Светозар Мијаиловиќ.

Претседателот на клубот, Светозар Мијаиловиќ, истакна дека Црвена Звезда секогаш настојува да соработува со најдобрите компании, нагласувајќи дека ваквите партнерства придонесуваат за понатамошен развој и нови успеси на клубот.

Од своја страна, генералниот директор Александар Генчов порача дека партнерството претставува потврда за квалитетот и меѓународниот углед на CH Alpha. Тој нагласи дека компанијата е лидер во областа на биоактивните производи и дека заедничката визија, традицијата и стремежот кон врвни резултати се основата на оваа соработка.
Од компанијата посочуваат дека партнерството со најтрофејниот фудбалски клуб на Балканот претставува значаен чекор во нивниот развој и дополнителна потврда за позицијата што ја имаат на фармацевтскиот и суплементарниот пазар во регионот.

поврзани објави

Последни објави