Повеќе лица се лишени од слобода во неколку одделни полициски акции во Тетово и Гостивар, при што биле пронајдени оружје, муниција, дрога, дигитални ваги и парични средства, соопшти МВР.
Во првиот случај, на 21 август, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода С.Б. (41) од тетовското село Лешок.

При претрес во неговиот дом и помошни простории, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени карабин калибар 7 милиметри со оптички нишан, пиштол „ЦЗ“ калибар 9 милиметри со празни рамки, воздушна пушка 5,4 милиметри со оптички нишан, како и куршуми од различен калибар.
Истиот ден, околу 20:21 часот, полициски службеници од ОВР Гостивар ги лишиле од слобода А.М. (39), Д.М. (26), Б.С. (37), Р.Р. (66), Б.А. (37) и Р.В. (72), сите од Гостивар, како и Н.Л. (65) од Скопје.




