Денеска со пуштањето во употреба на реновираната зграда на Клиниката за неврофизиологија покажуваме дека здравството останува еден од нашите врвни приоритети. По децении во кои ваквите објекти беа запоставувани, денес создаваме современи услови за пациентите и медицинскиот персонал. Ова е уште еден чекор кон обновување на здравствениот систем и враќање на достоинството на здравствените установи.
Свесни сме дека проблемите во здравството се таложеле со години, но важно е што денес не создаваме нови, туку системски ги решаваме постојните. Продолжуваме со инвестиции во реконструкција, енергетска ефикасност и модернизација на здравствените капацитети, заедно со лекарите, медицинскиот персонал и сите кои секојдневно се грижат за пациентите. Целта е јасна, поквалитетна здравствена услуга и подобри услови за сите граѓани.





