-0.2 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Прекрасната Ирина не сака бремена пред олтар

Нејзиното појавување на ревијата „Викторија Сикрет“, предизвика лавина од коментари и шпекулации во врска со бременоста. Ирина Шаек е во врска со Купер, од 2015. година.

За Ирина Шаек и Бредли Купер оваа година ќе биде полна со возбуда. Парот го очекува своето прво дете, наводно веќе планираат венчавка, но манекенката, која треба да роди оваа пролет, не сака бремена пред олтар.

Светските медиуми пишуваат дека парот ќе се венча во август, со што прекрасната Ирина би имала доволно време да се врати во форма, по своето породување. Освен што го избрале датумот на својата свадба, манекенката и актерот, наводно, веќе одбрале име за своето дете. Ако е момче, тие ќе го крстат по покојниот татко на Купер, Чарлс, а ако е девојка, ќе се вика Чарли.

Гласините за бременоста на Ирина се појавија по ревијата на брендот „Викторија Сикрет“, на која убавата Русинка прошетала во долна облека, при што до израз дошол нејзиниот бременички стомак.

Имено, Шаек подоцна беше фотографирана и со огромен дијамантски прстен на нејзината рака. Шаек е во врска со холивудскиот актер од мај 2015 година.

поврзани објави

Последни објави