14.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

СТРУМИЦА ЗАВИЕНА ВО ЦРНО: Две млади момчиња пронајдени мртви

На најтажниот ден од христијанството, кога е распнат Исус Христос, се случи огромна трагедија во Струмица, откако на патот Габрово – Банско се пронајдени мртви две лица на возраст од 15 односно 23 години.

Двете момчиња синоќа со моторцикл се движеле во околината, но откако не се вратиле дома доцна во ноќта, нивните родители се загрижиле и започнале потрага по нив.

Денес околу пладне нивните роднини ги пронашле мртви на патот Банско – Габрово, по што веднаш била повикана полиција која врши увид за причината за смртта на момчињата.

Повеќе информации се очекуваат во текот на денот.

поврзани објави

Последни објави