-0.2 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Мрачна прогноза: ЕУ ќе се распадне до крајот на годината

Професор по политичка економија во 2016 година предвиде дека Велика Британија ќе изгласа излез од ЕУ, ја предвиде победата на Доналд Трамп на изборите во САД и негативен исход на италијанскиот референдум.

Британскиот професор Марк Блит, кој предвиде точен исход од трите најголеми светски политички настани, смета дека Европската унија може да се распадне во 2017 година, пишува Експрес.

Тој во интервју за Би-би-си изјави дека Европската унија ќе се распадне до крајот на годинава.

„Може да се случи Европската унија да се распадне и пред Велика Британија да го заврши процесот за излегување од Унијата“, рече Блит.

Тој истовремено упати критики до Германскиот канцелар Ангела Меркел за нејзината политика на поддршка на шенгенската зона.

поврзани објави

Последни објави