7.8 C
Skopje
Wednesday, December 11, 2024

ВИДЕО: Моменти од експлозијата на „мајката на сите бомби“

Жртвите на суперсилната авиобомба GBU-43 се зголемија двојно. Тие веќе бројат 82 лица, пренесува Њујорк тајмс, цитиран од ТАСС.

Весникот забележува дека сеуште не се достапни точни информации за нанесените штети во тунелите на авганистанската провинција Нангахар, каде бомбата беше пуштена за да уништи борци од редовите на „Исламска држава“.

Потсетуваме дека на 13 април Американците нанесоа удар со најмоќната конвенционална бомба користена некогаш од САД врз комплекс од тунели на ИД. Во нападот, според првичните податоци, загинатите беа 36 екстремисти, а меѓу нив нема ниту еден повреден цивил.

Како што прецизира портпаролот на Министерството за одбрана, Адам Стамп ова е прв пат, во кој се користи слично масовно оружје, создадено за време на војната во Ирак во 2002-2003 година. Според информации од Вашингтон при последниот тест на 10-тонската бомба во 2003 година таа предизвикала огромен облак тип „сунѓер“ кој можел да биде виден од 32 километри далечина.

https://twitter.com/PunishedRaptor/status/852696146757791744

поврзани објави

Последни објави