14.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Претседателот Иванов со Велигденска честитка до граѓаните

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден, упати честитка до сите христијански верници  посакувајќи им добро здравје, благосостојба и духовен мир.

„ Во деновите кога го славиме победителот на смртта да се присетиме дека Христовото воскресение е основа на спасението. Со овој чин Спасителот ни дарува слобода во љубовта, избавувајќи нè од смртта и дарувајќи ни живот. Затоа, Пасха, како што уште се нарекува Христовото воскресение, значи премин – смилување, чудо на сите чуда, божји дар и благослов. Да се верува во Синот Божји значи да се има непоколеблива надеж и искрено покајание“ ,пишува во честитката Иванов.

Додава дека треба да се присетиме на Евангелието кое нè учи на силата на трпението и страданието, на возвишената и постојана љубов која ја победи смртта и триумфираше над злото.

„ Нема поблагословен ден од Велигден, затоа Ве повикувам, заеднички, да побараме разбирање, единство и братољубие меѓу нашиот христијански народ. Да се присетиме на Евангелието кое нè учи на силата на трпението и страданието, на возвишената и постојана љубов која ја победи смртта и триумфираше над злото “, истакнува Иванов.

Во велигденската честитка претседателот Иванов на сите христијански верници им посакува меѓусебно почитување, разбирање и љубов во срцето со верба во Бога.

поврзани објави

Последни објави