Познатото шоу „Помошник“ (The Apprentice) повторно на ТВ екраните, но овој пат водителската позиција наместо Трамп, му припаѓа на Арнолд Шварценегер.
Во шоуто се вклучени познати личности кои се натпреваруваат за работа во компанијата. Првата епизода, под палка на Арнолд Шварценегер забележа гледаност од 4,9 милиони.
Поранешниот градоначалник на Калифорнија и „вечниот Терминатор“ Арнолд Шварценегер забележа слаб старт како водител, бидејќи има 22 % помалку гледачи од новоизбраниот претседател на САД Трамп, кој во првата епизода од последната сезона на познатото шоу имаше огромна гледаност.
Шпекулациите за тоа која фраза ќе биде користена во текот на исфрлувањето на натпреварувачите, не запираа со месеци но конечно е откриено: „Готов си, оди во хеликоптер“ „(You’re terminated. Get to the chopper)“.
Останува да видиме кој подобро ќе се прилагоди кон новата функција. Арнолд или Трамп? Новиот водител на верзијата на познатото шоу „Помошник“ или новиот претседател на САД, чија инагурација ќе се одржи на 20 јануари.