Sun. Oct 1st, 2023

Најавите за огромно количество на снег се остварија, па иако подготвени, службите не успеаја до крај да ја завршат својата работа, поради што настана вистински хаос на патиштата ширум државата.

Најкритично беше на автопатот Скопје-Велес каде сообраќајот целосно беше стопиран на неопределен период во двата правци. Прекин имаше и на регионалниот пат Тетово-Лажнице, кај село Јажнице.

Моментален прекин имаше и на магистралниот пат А-3 Штип-Кочани, кај селото Крупиште до бензинската пумпа „Ваго“, поради чистење на снежни наноси.

Забрани за сообраќај има уште кај планинсиот превој Стража, Пресека, Ѓавато, Буково, Маврово и Крива Паланка – кај граничниот премин Деве Баир.

Поради целата ситуација, многумина граѓани беа принудени да останат во своите автомобили и да ја поминат ноќта на отворено. До нив ни стигнала никаква помош, па немале ниту вода, храна или дополнително загревање.

By kiko

Leave a Reply

Your email address will not be published.