Момче на возраст од 17 години со потекло од скопското село Сарај беше убиено денеска околу 15 часот на влезот од Матка. Убиството го извршил осомничен 19-годишник од Шишево, откако двете момчиња прво имале расправија, а потоа почнале и тепачка.
Од МВР го потврдија настанот, а осомничениот убиец е веќе уапсен. Според информациите, убиениот бил роден во 2000 година, а починал на самото место.
Лекарска екипа излегла на терен, но била констатирана смрт. Тој бил прободен со нож во градите. Лицето можен сторител е приведено во полициската станица „Ѓорче Петров“ и се работи на расчитување на настанот, потврдуваат од МВР.