Претседателотна СДСМ, Зоран Заев во чест на Христовото Воскренесие – Велигден, упати честитки до поглаварот на МПЦ ОА, г.г. Стефан, Светиот Синод и православните верници, до Бискупотскопски и апостолски егзарх во Македонија, г-дин Киро Стојанов и католичките верници, како и до сите граѓани кои го празнуваат овој голем христијански празник.
„Упатувам искрени честитки во име на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и во мое лично име до сите граѓани на Република Македонија кои го чествуваат големиот христијански празник, Христовото Воскресение – Велигден.
Празникот на победата на животот нека оваа година донесе живот за сите граѓани на Република Македонија!
Да се живее спокојно, значи да се живее во хармонија со себе, со семејството и со своите сограѓани. Нема поединечна среќа, и нема поединечно добро. Добиваме рака, кога подаваме рака.
А ние веќе одлучивме да застанеме заедно во одбрана на вредностите што доликуваат на човекот и обезбедуваат сегашност и иднина за нас, за нашите деца и за сите во нашата земја. Вистината заедно ја одбранивме. Правдата заедно ја браниме. Минуваме низ искушенијата трпеливо и мудро, како што доликува на достоинствени граѓани кои се грижат за својата земја, кои меѓусебно се грижат едни за други и за генерациите што доаѓаат по нас. И затоа имаме право заедно да чекориме низ вратите што заедно ги отворивмекон нашиот духовен и општествен развој.
Вербата дека е можен живот за сите во нашата заедничка држава, Република Македонија, ни го отвори патот до овде. Одлучноста да продолжиме заедно по тој пат, ќе ни помогне да одговориме на нашата света обврска, да обезбедиме живот за сите.
Овој голем ден, Велигден, нека биде слава на животот што го избравме.
Ви пожелувамна сите среќнипразничниденови почитувани граѓани, на вас кои го празнувате големиот ден на Воскресението. Поминете ги во добро здравје и личен и семеен мир“