7.8 C
Skopje
Wednesday, December 11, 2024

Лидерот на опозицијата во Албанија добива закани за атентат

Атмосферата во Албанија се вжештува по информаците дека се подготвувал атентат врз лидерот на опозициските демократи, Љуљзим Баша, јавуваат албански медиуми.

„Повеќе приврзаници на опозицијата доцна синоќа фрлија запалени факели и петарди во дворот на Владата по веста дека се подготвува физичка ликвидација на лидерот на опозицијата Љуљзим Баша“, пишува порталот Албеу.

Претходно албанската тајна служба, ШИШ добила информација за можен атентат врз Баша, по што зајакнати се безбедносните мерки за демократскиот лидер. За ова бил инфомиран претседателот Бујар Нишани, кој побарал од првиот полицаец, Фатмир Џафај зајакнување на безбедносните мерки.

„За безбедноста на Баша ангажирани се полицијата и Националната гарда. ШИШ има информации како тој чин е испланиран да се спроведе, кој доколку се случи може да предизвика тешка политичка и социјална дестабилизација во Албанија во време кога политчката дебата и така е вжештена, поради приближувањето на изборите, но и различните ставови“, констатира порталот.

По потврдените информации за безбедноста на Баша покрај редовните телохрантели кои се грижат за неговата безбедност, дополнително припадници на Националната гарда и полицијата го следат на секој чекор.

поврзани објави

Последни објави