Турците гласаат денеска на референдум на кој се изјаснуваат за уставни промени со кои ќе се прошират овластувањата на претседателот Реџеп Таип Ердоган.
Исходот од референдумот може да има пошироко влијание врз сите аспекти на иднината на Турција и да му обезбеди на Ердоган уште 12 години на власт.
Ердоган очекува победа на референдумот тврдејќи дека анкетите укажуваат поддршка од 55 до 60 отсто гласачи.
Доколку победи на референдумот Ердоган ќе има овластрувања да поставува министри, а целата бирократија ќе биде централизирана во неговата претседателска палата.
Противниците се загрижени дека со новиот систем ќе недостига „баланс и проверки“ што се специфични за системот во САД.
Лидерот на главната опозициска Републиканска народна партија Кемал Киличдарглу предупреди дека Турција избира дали сака и понатаму да биде демократски парламентарен систем или владеење од еден човек. Тој го опиша новиот систем како „автобус без сопирачки чија дестинација е непозната“.
Референдумот се одржува 94 години откако Кемал Ататурк ја основа модерна Турција, а може да ги промени односите на Западот со Анкара, мировните преговори со Курдите и процесите во општеството. Новиот систем би бил на сила од ноември 2019 година кога ќе се одржат претседателските и парламентарни избори во исто време.