Денес во Турција се одржува референдум, каде ќе се одлучи како ќе функционира државата во иднина односно какво ќе биде политичкото уредување. Дали ќе остане моменталното парламентарно мнозинство или ќе се промени во претседателско уредување, каде Ердоган би имал неограничена моќ.
Во провинцијата Дијарбакир, на југоистокот од Турција дошло до престрелка меѓу две групи кои имале различни ставови околу референдумот и политиките во државата.
При оружената престрелка убиени се две лица во двор од училиште во селото Јабанарди, едно лице е повредено и префрлено во болница, додека две лица се уапсени.
Се работи на целосно расчистување на причините за нападот, а новинската агенција Анадолу пренесе дека истите се случиле поради „несогласување во политичките ставови“.