Лидерот на либералите во Европскиот парламент (АЛДЕ) и координатор на Европскиот парламент во врска со Brexit, Ги Верховстад изјавил дека предвремените парламентарни избори во Велика Британија се можност за британскиот народ да го оформи идниот договор за излез од Унијата, пишува The Guardian.
„Изборите во Велика Британија се внатрешно прашање, но е јасно дека Brexit ќе биде клучен елемент во нив. Тоа значи дека ќе има можност за Британците да искажат мислење околу тоа каков сакаат да биде идниот однос меѓу нивната земја и ЕУ“, рекол Верховстад.
„Како главен преговарач на Европскиот парламент ќе работам со новата влада за изградба на најдобра можен иднина”, додал тој. Претходно претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск изјави дека имал телефонски разговор со британскиот премиер Тереза Меј во врска со идните избори