8.8 C
Skopje
Tuesday, December 10, 2024

Јавор Нотев е номинацијата на “Обединети патриоти” за заменик-претседател на бугарскиот парламент

Парламентарната група на „Обединети патриоти“ го номинира Јавор Нотев за заменик претседател на 44. бугарски парламент. Ова го изјави пред бугарските медиуми лидерот на „Атака“ Волен Сидеров по седницата  на парламентарната група на „Обединети патриоти“.

Според него одлуката е донесена со целосен консензус. Сидеров појасни дека групата ќе се вика „Обединети патриоти“ и ќе биде предводена од тројца претседавачи.

Претходно, Герб официјално излезе со својот предлог за претседател на парламентот – Димитар Главчев.

 

поврзани објави

Последни објави