Поранешниот претседател на САД Џорџ Буш постариот беше примен во болница со блага форма на воспаление на белите дробови.
41. претседател на САД, кој сега е на 92-годишна возраст, е примен во болница “поради постојаната си кашлица. Поранешниот претседател, сега е во инвалидска количка поради Паркинсонова болест, a претходно за истата веќе беше во болница две недели во јануари.
Џорџ Херберт Вокер Буш беше претседател од 20 јануари 1989 до 20 јануари 1993 година. Тој е татко на 43-от претседател Џорџ Буш помладиот.