11.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Уставот ќе се испочитува, парламентарното мнозинство ќе ја формира новата реформска европска Влада!

Уставот, Деловникот и законите мора да се почитуваат. Мнозинството граѓани избраа да живеат во демократија, а не во режим и демократските процеси се почнати. Тие водат кон квалитетен живот за сите граѓани и кон евро-атлaнтска перспектива на Македонија.

Македонија и граѓаните нема повеќе да бидат заложници на мала криминална група во раководството на ВМРО-ДПМНЕ која ги блокира процесите и сака са ја изолира државата за да продолжи режимот, а тие да се спасат од правдата.

Легитимното парламентарно мнозинство од 67 пратеници избрани од над 700 000 граѓани, многу брзо ќе избере нов претседател на Собранието, а потоа и нова Влада, согласно Уставот, Деловникот и законите.

Тоа е единствениот легитимен и демократски излез од кризата што ја прави опозициската партијa ВМРО-ДПМНЕ.

Порачуваме на институциите дека се должни да овозможат мирен трансфер на власта.

Вработените и граѓаните да не потпаѓаат во сценаријата на разгорување тензии и тешки казниви дела против државните интереси водени од Трајко Велјаноски, Никола Груевски, Ѓорге Иванов.

Ќе има промени и нова Влада. Ќе се спроведе Програмата на новата реформска Влада на унитарна Македонија. Ќе има живот за сите, правда. Иднината на Македонија се ЕУ и НАТО.

поврзани објави

Последни објави