14.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Меј: Предвремените избори одговараат на националните интереси на Велика Британија

Британскиот премиер Тереза Меј денеска изјави дека предвремените избори во Велика Британија ќе обезбедат стабилност на подолг временски период и ќе ја зајакнат позицијата на земјата во преговорите со Европската унија.

Во интервју за Би-Би-Си, Меј истакна дека кампањата за редовните избори во 2020 година би се совпаднала со клучната етапа од излегувањето на земјата од Европската унија.

„Предвремените избори одговараат на националните интереси на Велика Британија“, рече таа.

Предвремените избори во јуни означуваат дека Британците ќе гласаат повторно во 2022 година, што ќе му овозможи на премиерот повеќе простор за маневри во преговорите со Унијата.

„Втор референдум за членството на Велика Британија во ЕУ нема да има“, рече Меј

поврзани објави

Последни објави